АктуелноИнтернационално

Демонстрантите во Франција бесот го истурија врз симболите на капитализмот (видео)

Откако претседателот Емануел Макрон го објави законот за пензија, нема мир во Франција, а по најавите на синдикатите, нема ни да има.

Oсобено критично е во главниот град на Бретања, Рен.

Тензиите во овој град настанаа во саботата, кога беа формирани групи од демонстранти кои ја користеа тактиката на „црниот блок“ и се одделија од останатата групата демонстранти. Нивни цели беа симболите на капитализмот, па настрадаа излозите на банките и ексклузивните бутици, а запалени и уништени беа скапите автомобили по улиците. Демонстранти фрлаа коцки калдрма и шишиња кон полицијата, додека силите на редот и законот на Плоштадот на Републиката во овој град возвратија со голема количина солзавец. Демонстрации беа најавени и во други градови. Во Париз демонстрантите влегоа и го демолираа и запалија седиштето на Луј Витон.

Видео од влегувањето на демонстранитите во седиштето на Луј Витон во Париз.

Претходната ноќ веќе беше жестоко и во Рено.

Во исто време, синдикатите не мируваат и се организираат. За 20 и 28 април се објавени покани за разни видови протести. „Денот на бунтот на железницата“ беше најавен за четврток, во пресрет на големите национални демонстрации закажани за 1 мај.

– Не можеме да одиме на работа како ништо да не се случува. После тоа не би можел да се погледнам во огледало. „Ако барате пари за финансирање на пензиите, земете ги од џебовите на милијардерите – изјави Фабијен Вилеjде од железничкиот синдикат.

Претседателот Маркон најави обраќање до нацијата за понеделник навечер, но многумина се прашуваат што би можел да каже кога веќе го објави законот, а синдикатите одбија да разговараат со него потоа.