Моќен говор на матурантката Ивона: Ние ќе победиме
На XI ораторски вечери кој се одржаа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип млади студенти и средношколци учествуваа со своите говори и ги изразија своите нецензурирани ставови. Ивона Тодорова, матурантка од Кочани од СОУ „Љупчо Сантов” е победничка во категоријата најдобар оратор со гласовите од публиката.
Нејзиниот говор беше насловен „Солзите на мајките” во кој говори за иселувањето на младите, корупцијата, непотизмот но и за тоа дека младите треба да останат тука и да се борат за Македонија.
Во продолжение погледнете го целосниот говор: