Апасиев: ДУИ носи антимакедонски закони – Се укинува правниот поредок за западна Македонија
За денес е закажана Собраниска Седница на која по скратена постапка власта има цел да протурка десетина закони кои треба да донесат погодности за компанијата „Бихтел и Енка“ која без никаков тендер, јавна набавка ниту однапред утврден план доби милионски сумо за изградба на коридорите 8 и 10Д.
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев овие закони ги нарече антимакедонски и додаде дека доколку се усвојат правниот поредок во западна Македонија ќе престане да важи.
Денес и официјално, владата на ДУИ и џуниор партнерот СДС, под диригентската палка на шверцерот Таљат, ќе се обидат да донесат десетина антимакедонски закони со кои правниот поредок ќе престане да важи во Западна Македонија, со цел да му се угоди на американскиот конзорциум “Бехтел и Енка”.