АктуелноИнтернационално

Апасиев: САД од вчера стана банана држава

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп беше уапсен од страна на власта на Џо Бајден, неколку минути откако ја напушти Трамп Тауер. Трамп се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението, а оваа вест денес го обиколи светот и предизвика бројни реакции.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев е еден од оние кои го искоментираа апсењето на Трамп и повикувајќи се на „американска дефиниција“, САД ги нарече банана држава.

„Американците имаат еден критериум за оценување дали државата е т.н. Банана држава или не. Критериумот е: дали поранешните политичари се обвинети по завршувањето на мандатот или не?“

Во продолжение тој додаде: „Епа, честито, САД од вчера стана банана држава!