Европската унија е „длабоко загрижена“ за израелскиот напад на верниците во џамијата Ал Акса
Европската унија е „длабоко загрижена“ од насилството во џамијата Ал Акса во Ерусалим и ги повикува сите страни да покажат воздржаност во време на верски празници, изјави портпарол за надворешни работина на ЕУ.
Говорејќи на дневниот брифинг за вести на Европската комисија, Питер Стано – портпарол за надворешни работи, потврди дека ЕУ ги следи „многу внимателно“ случувањата во Израел и окупираната палестинска територија, јавува „Anadolu News Agency“.
„Европската унија е длабоко загрижена од растечките тензии и насилство што ги видовме во текот на ноќта во комплексот на џамијата Ал-Акса“, изјави тој.
Тој исто така нагласи дека „исклучително е важно да се зачува историското статус кво на светото место“.
The way “The most moral army” treat’s worshipers! #SaveAlqsa pic.twitter.com/PC4kRtuLvz
— Muhammad Smiry 🇵🇸 (@MuhammadSmiry) April 5, 2023
За муслиманите, Ал-Акса го претставува третото најсвето место на исламот. Евреите ја нарекуваат оваа област Планина на храмот, велејќи дека тоа било место на два еврејски храма во античко време.
Израелската полиција соопшти дека привела 400 Палестинци во комплексот џамија Ал Акса во источен Ерусалим.