На денешен ден Србија ја собори „невидливата“ гордост на американската авијација
На третиот ден од почетокот на агресијата на НАТО врз Србија, на 27 март 1999 година, точно во 21 часот и 41 минути во близина на с. Буџановци, беше соборен тактичкиот бомбардер Ф-117, „невидливата“ гордост на американската авијација.
Тоа беше првиот авион на НАТО кој бил соборен над Србија. Овој настан силно одекна во светот, бидејќи една мала земја испрати порака дека со срце и вештина може да се спротивстави на напредната машинерија.
За припадниците на Третата дивизија на 250 бригада овој ден е посебен, и секоја година го одбележуваат во ресторанот на воздухопловната база. Истиот екипаж го собори и Ф-16 кој падна кај Накучан и невидливиот Б-2.