Левица: Отпорот расте – официјално отворена канцаларија во Ресен
- Соопштение на ЛО Левица Ресен
Денес, во присуство на претседателот на #Левица – Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и генералниот секретар Јована Мојсоска официјално беше отворена партиската канцеларија на Левица во Ресен.
Како единствена анти-естаблишментска партија, Левица го мобилизира отпорот против корумпираните и анти-македонски политики на квинслишките СДС и ДУИ.
Претседателот Димитар АПАСИЕВ на отворањето порача дека Левица е последната пречка против насилната бугаризација и промената на Уставот, бидејќи СДС и ДПМНЕ во сржта се исти партии!
Генсекот Јована Мојсоска потенцира дека дефетизмот е контрареволуционерен и дека македонскиот народ секогаш бил на правилната страна на историјата. Таа порача дека историјата ни потврдува дека со добра организација, агитација и цврста верба во идеалите на каузата, фашизмот повторно ќе биде поразен.
Затоа што ноќта е НАЈТЕМНА пред разденување – а, ние сепак ќе ПОБЕДИМЕ!