Војната во Украина ја води „невидлива рака“ која се залага за продолжување на конфликтот, рече Ганг
Се чини дека украинската криза ја води „невидлива рака“ која е за продолжување и ескалација на конфликтот, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг.
– Невидливата рака ја користи украинската криза за да постигне одредени геополитички агенди. Конфликтот, санкциите и притисоците нема да го решат проблемот. Процесот на мировни преговори треба да започне што е можно поскоро со почитување на легитимните безбедносни грижи на сите страни – рече шефот на кинеската дипломатија – пренесува АП.
Кинескиот министер најави и дека неговата земја не испорачала оружје на ниту една страна во украинскиот конфликт, во време кога американските власти зборуваат за неодредени „последици“ за Пекинг доколку испрати помош во оружје за Русија – пренесе Танјуг.
- Текстот е превземен од novamakedonija.com.mk