АктуелноЛокалноСтав

Велешкиот Совет е во канџите на автократ и заслепен поданик на ДПМНЕ и ДУИ

Фејсбук статус на Игор Смилев – советник од Политичката Партија Левица во Општина Велес

Претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на последната 30-та седница на Општина Велес пред очите на градоначалникот Марко Колев го достигна врвот на своето самоволие, безобразие, и сквернавење и газење на Деловникот кој го претвори во тоалетна хартија, а Советот во група од советници со згазено достоинство.

Велешкиот Совет е во канџите на автократ и заслепен поданик на ДПМНЕ/ДУИ, немилосрден извршител и продолжена рака на бизнис сивите еминенции .

За време на амандманскаата расправа по точката на дневен ред за 120%-но зголемување на комуналните услуги, советниците од Левица го користевме деловничкото право со долги и неограничени дискусии да го вразумиме неразумното и хипнотизирано мнозинство на ДПМНЕ/ДУИ од паушалната и незаконска одлука да се покачи цената на водата без мислење од Регулаторната комисија.

Во повеќе наврати, Љутков самоволно, безобразно и насила, задоен од млекото на Груевизмот, го одземаше зборот на нашите советници.

Како левичари задоени со премисата дека тешко заработен и уште потешко добиен збор, тешко се одзема, одбивавме да коленичиме пред авторитарниот претседател и поданик на моќта.

Продолжија мачните сцени во кои неколкупати Љутков се закани дека ќе бидеме исфрлени од салата со обезбедување,само затоа што ДОСТОИНСТВЕНО ЗБОРУВАВМЕ, ЗБОРУВАВМЕ И ЗБОРУВАВМЕ ………

Неколкупати седницата се прекинуваше, а ВРВОТ на НЕОГРУЕВИЗМОТ се постигна кога насред мојата дискусија, и на дискусиите на другарите советници Абрашев и Урумова, ДПМНЕ/ДУИ ладнокрвно и смислено гласаа против амандманите.

Јавноста во следните денови преку видео секвенци ќе биде запозната со новата реалност во Советот.