Ј.В. Сталн – За националното прашање и империјализмот
- На 05-ти март 1953 година, во Москва е починат, револуционерот и лидерот на СССР за време на Втората светска војна како предводник во борбата против германските фашисти, Јосиф Висарионович Џугашвили – Сталин. По тој повод, ви пренесуваме дел од неговите погледи за корелацијата помеѓу борбата за националното ослободување на народите и империјализмот, односно во какви услови и кое национално-ослободително движење е револуционерно а кога тоа е реакционерно и во корист на империјализмот
„Несомнената револуционерна природа на огромното мнозинство национални движења е исто толку релативна и специфична колку што е релативна и специфична можната реакционерна природа на некои поединечни национални движења.
Револуционерниот карактер на националното движење во услови на империјалистичко угнетување во никој случај не претпоставува задолжително постоење на пролетерски елементи во движењето, постоење на на револуционерна или републиканска програма на движењето или пак постоење на демократска основа на движењето.
Борбата на авганистанскиот емир за независност на Авганистан е објективно револуционерна борба и покрај тоа што ставовите на емирот и неговите соборци се монархистички. Тоа е така бидејќи таа борба го ослабува, осипува и еродира империјализмот, додека пак таквата борбата на „опасни“ демократи и разни „социјалисти“, „револуционери“ и републиканци, како што се, на пример, Керенски и Цертели, Ренодел и Шајдеман, Чернов и Дан, Хендерсон и Клајн, која беше за време на империјалистичката војна, беше реакционерна борба, бидејќи нејзиниот резултат беше само разубавување, консолидација за победа на империјализмот.
Токму од истите овие причини, борбата на египетските трговци и буржоаските интелектуалци за независност на Египет е објективно револуционерна борба, и покрај буржоаското потекло и буржоаската припадност на водачите на египетското национално движење, и покрај нивното противење на социјализмот. Додека пак, од истите причини, борбата на англиската работничка влада да го одржи Египет во зависна положба е реакционерна борба, и покрај пролетерското потекло и пролетерската припадност на членовите на таа влада, и покрај тоа што тие се „за“ социјализмот.
Да не зборуваме пак за националното движење на други, поголеми, колонијални и зависни земји, како што се Индија и Кина, чиј секој чекор на патот кон ослободувањето, дури и кога тоа е во судир со барањата на формалната демократија, нивната борба е удар против империјализмот, т.е. несомнено револуционерен чекор.
Оттука, Ленин е во право кога вели дека националното движење на угнетените земји не треба да се оценува од гледна точка на формална демократија, туку од гледна точка на фактичките резултати во генералниот биланс на борбата против империјализмот, т.е. „не изолирано, туку во светски размери“.“
Извор: Staljin, J. (1946). Pitanja lenjinizma. Zagreb: Kultura, v. kjn. XIX., str.257.