АктуелноИнтернационално

(Видео) Претседателот на Намибија му оддржа дипломатска лекција на германскиот амбасадор во земјата

  • При официјалната средба помеѓу германскиот амбасадор во Намибија со Претседателот на оваа земја Хаге Геингоб, германскиот претставник предупредуваше на „кинеска опасност“ по нивната држава. По ова следуваше жестока реакција од страна на Геингоб кој кажа дека секогаш кога доаѓа некој од Западот тоа е заради Кинезите, додека африканските земји единствено имаат бенифити од соработката со НР Кина. Во прилог ви го пренесуваме овој дел од разговорот:

Германскиот амбасадор: Постои, во Намибија на пример, бројот на Кинези што живеат таму во меѓувреме е четири пати, на пример, поголем од тој во германската заедница, и до сега не е прецизирано истото, тоа што се случува насекаде во светот, постојат разлики и тоа што јас го…

Претседателот на Намибија: Господине, кој е Вашиот проблем со тоа? Зошто претставува Ваш проблем? Наликува на поголем европски проблем отколку наш проблем. Кинезите никогаш не би дошле да си поигруваат тука, ако германците не станат, што и впрочем го прават. Говорите за кинезите, ние им дозволуваме на германците да дојдат тука без визи, со црвен тепих. Нашите луѓе се вознемирувани во Германија. А Вие доаѓате тука, германци доаѓаат тука како што ќе посакаат, па зошто Кинезите не говорат за Германците? Како се однесувате со нас таму (во Германија). Кинезите не се однесуваат со нас така. Дипломатски пасоши, ние се враќаме од Женева, овие луѓе беа задржани на аеродромот, баш сега. Така е со нив, во Германија. Ние знаеме како да се справиме со нашата земја, немојте да не сожалувате

Германскиот амбасадор: Апсолутно да…

Претседателот на Намибија: Секогаш кога некој од Западот доаѓа овде е во врска со Кинезите… Што е проблемот? Им реков на Кинезите, не сум ви кукла, беа импресионирани секаде. Тие самите не почитуваат, само тоа ќе го кажам. Покажувате непочитување, дека сме деца, дека ќе исчезнеме од Џоел, од Кинезите исто така, значи не. Кинезите тогаш беа градејќи инфраструктура секаде низ Африка, а јас видов во Америка… Кој ги спаси американците? Од финансиската криза, кинеските пари се таму. Па што е проблемот тука? Секоја европска влада ни попува за кинезите. Се справуваме ние со кинезите, тие се и во Германија, тие одат во Германија, одат во Америка, Франција, ја купија и Франција, но Намибија не е купена.