АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев до СДСМ и ДУИ: Вие не сте европска, вие сте арамиска коалиција

  • Извадок од говорот на Пратеникот Димитар Апасиев, кој на пленарната Седница зборуваше за коалицијата на СДСМ и ДУИ, која ја оцени како арамиска.

„Вториот пункт е дека сте анти-европска влада, тоа што велите дека сте европска коалиција, вие сте арамиска коалиција!

Ние сме единствена држава каде што имаме милионери на власт, топ еден најбогатите се во вашата Влада. Тоа се Груби, Али Ахмети, тука сте вие. Имате просечно по три стана, три коли, заштеди по белизе, црни фондови од шверц, значи сите пари се кај вас! Не постои ваква мафијашка група која што е на власт во ниту една европска држава.

Следниот пункт, Зошто сте анти-европска Влада?

Затоа што имаме споулавена корупција од која што младите бегаат. Затоа што склучувате тендери во четири очи, по десет пати поголеми цени од реалните. Младите ни бегаат затоа што имаме наместени конкурси и непотизам, го видовме тоа преку новите обвинители, новите судии, новите професори на факултети. Креиравте кастински, династиски систем. Наместо да не однесете во Европска Унија не спопикавте во листи со земји од типот на Тринидад и Тобаго, Мозамбил и Брегот на Слоновата Коска каде што цвета корупцијата.

И последно, ја воведовте новата граѓанска религија на еуфундаментализмот. Креиравте ваша петта НЏО колона на западизмот, крекате за руско влијание, а во меѓувреме се откриени документи кои што тврдат дека во изминативе децении истурени се шеесет и седум милиони евра од американски фондации и од сорос фондации, вашите про-владини загари станаа цицачи на новиот хибриден режим. Воведовте фејсбук милиционери на мислата преку разните факт чекери и вистиномери.

И на крајот вашиот сервилен менталитет, замолчувате пред странците од колективниот запад, а дома воведувате вазална и лузерска политика. Нижите пораз до пораз, пораз со Грција, пораз со Бугарија, па ако сакате и пораз со ДУИ во вашата сопствена Влада во која што си станавте сопствено малцинство. Премиер кој не ги контролира клучните ресори, школство, здравство и финансии не е Премиер, вас ви остана само Министерството за Екологија. И конечно, под плаштот на европеизација воведувате анти-македонска политика, бугаризација и косоваризација, наместо европеизација.“