АктуелноЛокално

Митовски открива: Mицкоски изградил куќа вредна еден милион евра и на туѓо име

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски купил и реновирал куќа во скопско Козле вредна еден милион евра и со цел да се изманипулира системот ја пишал на името на неговиот зет за сестра, објави „Индекс.мк“.

Како што се наведува во објавената информација, Мицкоски купил и реновирал барака во Козле која вреди над еден милион евра, но наместо на негово име во Катастарот таа е заведена на име на неговиот зет за сестра, Жани Митревски.

Во медиумите претходно се појавија и информации дека Мицкоски и неговото семејство располагаат со десетина станови, куќи и друг недвижен и движен имот во државата и во странство.

Информацијата прв ја објави уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој во емисијата Тешки муабети истакна дека Мицкоски наместо да објавува ситни афери за политичари требаше да реагира за случувањата во ФЗОМ.

„Колку кошта куќа во Козле, испод 250.000 евра нема, да ја купиш, да ја срушиш, да платиш комуналии, да изградиш нова, имаш инвестиција од милион и нешто“, објасни Митовски.

Според „Инфомакс“ Мицкоски има пријавено дека поседува само семејна куќа во Влае, каде што и живее, но затоа неговиот татко и неговата сестра имаат стекнато вреден имот во Скопје, Охрид, но и во Црна Гора.

Oд ВМРО-ДПМНЕ ги демантираат овие информации и велат дека ова е објавено од страна на порталите на Артан Груби.