АктуелноИнтернационално

Вучиќ најави договор со ОАЕ за набавка на дронови – „самоубијци“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија во рок од 48 часа ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за набавка на т.н. дронови – „самоубијци“ од таа земја.

Вучиќ додаде дека „се надева“ дека за пет до шест месеци првите вакви беспилотни летала ќе пристигнат во српските вооружени сили.

„Во рок од 48 часа ќе го потпишеме првиот договор со ОАЕ за купување на нивните самоубиствени беспилотни летала и тие многу брзо ќе бидат на територијата на Србија“, рече Вучиќ на IDEX, саем за оружје и воена опрема што се одржува во Абу Даби.

Овие дронови се мали и преносливи беспилотни летала кои носат боеви глави и детонираат при удар. Вучиќ додаде дека во наредните денови очекува ескалација на конфликтот во Украина, што, според него, уште повеќе ќе ја отежне позицијата на Србија.