АктуелноЛокално

Студентите од педагошкиот факултет во Битола оставени без субвенциониран студентски оброк

  • На својата фејсбук страна младинската организација „Стдентски отпор‘‘ објави дека поради бирократски проблеми студентите се оставени без оброк од почетокот на академската година во октомври. Во продолжение ви го пренесуваме нивниот пост:

Студентите од Педагошкиот Факултет при УКЛО во Битола поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври.

До Студентски Отпор пристигнаа голем број на поплаки во изминатиов период во однос на на овој проблем кој според нашите дојави е настанат од неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти.

Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства.

Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема.

Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво