АктуелноЛокално

Гоцева стража – народот со самоорганизирана стража пред вечното почивалште на Делчев

Народот се самоорганизираше преку социјалните мрежи и вечерва појдоа на ноќна стража на гробот на Гоце Делчев во дворот на Св. Спас. Поворката тргна од плоштадот Македонија кон вечното почивалиште на Делчев. Tука, беа сопрени од голема барикада обезбедена од полицијата на ул Самоилова, под Кале.

Народот којшто е насобран е револтиран за ваквата постапка на МВР и наредбите од власта за забрана на движење кон црквата Св. Спас.

Својот народ не може да го посети гробот на својот народен херој. Ова го прекршува и уставното право на македонскиот народ на слободно движење. Ние сме заробена и окупиран држава. Утре со обезбедување ќе ги пуштат Бугарите, но сопствениот народ, во сопствената држава нема право на слободно движење и оддавање на почит пред гробот на македонскиот херој Гоце Делчев.“

Ова се само дел од изјавите кои ги даваат насобраните граѓани кои скандираа Македонија, Македонија, а ја интонираа и македонската химна. Ноќната „Гоцева стража“ е планирано да остане на местото до раните утрински часови.