Три банки заработиле 115 милиони евра за една година

Статус на Јулијана Штрковска Колариќ, член на Централниот Комитет на Левица.


Стопанска банка А.Д. Скопје во 2022 година заработила 39.703.000 евра. Заедно со НЛБ и Комерцијална банка спечалиле 115 милиони евра. Веројатно се и фризирани добивките, поради еднократниот данок на солидарност или екстра профит што треба да го платат за 2022 година.

Странците учествуваат со 86,1 отсто капитал, што значи дека поголемиот дел од дивидендите и бонусите ќе бидат изнесени од Македонија. Важно екстра профитот го стекнуваат од маките на народот, кој е принуден да се задолжува за да излезе на крај со сиромаштијата и да плаќа камати, провизии и надоместоци.
– напиша Колариќ.