Крмов: Неспособноста на СДС и ДУИ е главен кочничар за ЕУ
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во своето вчерашно гостување одговори на обвинувањата дека Левица е анти-европска партија. Според пратеникот, сите закони кои Левица ги блокира во Собранието биле оценети за штетни и од независни ескперти.
Левица е во Парламент две години и затоа е смешно да се тврди дека Левица го кочи евроинтегративниот процес. Што правеа тие 30 години? Досега можеа да го решат овој процес.
Сите закони што ние сме ги блокирале биле штетни закони, што дури и независни експерти го потврдија тоа. Власта не може да наброи еден закон кој Левица го блокира, а кој бил евроинтегративен закон. Граѓаните мора да знаат дека законите кои се однесуваат на евроинтегративниот процес поминуваат низ Комисија за европски прашања, која што ја води пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми. И таа комисија не можеда се блокира и затоа смешни се тврдењата дека Левица го кочи евроинтегративниот процес.
Повеќе се работи за нивна монументална неспособност. – истакна Крмов.