На денешен ден 1937 г. триесетина Југословени отишле во Шпанија да се бори против фашизмот
- Објава на Левичарскиот Институт „Рацин“
На денешен ден, 1937-ма година, првата група од околу триесетина Југословени отишла во Шпанија да се бори против фашизмот. Во републичката војска, на страната на комунистите се бореле 1.900 Југословени.
На страната на Републиката се бореле и многу Македонци, од трите делови на Македонија и од дијаспората. Тие во Шпанија доаѓале од Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот Сојуз, Аргентина, Белгија, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу попознатите се:
Алексо Демниевски – Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Трифун Бузев, Тане Наумов, Димитар Тодоров, Борис Атков, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Петар Калев, Илија Јотов, Панајот Јотов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други.
Македонци – шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската Република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.
„А утре другар мил и непознат, утре е слободата наша,
Милионите ни идат на гости утре слушаш ли другар ох, послушни
милиони идат со песни и бајраци црвени носат
А на бајраците чекан и срп и името ваше бесмртно!
Мртов е за довек црниот фашизам, крвавиот црн змеј!
Слобода! Слобода! Над земјата се вее и знамето црвено.“
Дел од песната насловена како „Испанска балада“ на Коста Солев Рацин, напишана во чест на борбата на комунистите во Шпанија против фашистичкиот режим на Франко.