Вистинското лице на Черчил – „воинот“ на англосаксонската империја
Винстон Черчил (1874 – 1965), беше вистински претставник на идејата за „единствена англосаксонска цивилизација“, која се спротивставува на „нецивилизираниот“ и „варварскиот“ Исток, односно на „остатокот од светот“.
Черчил ќе остане запаметен како одлучувачки британски воен водач во Втората светска војна и како еден од најважните и можеби клучни архитекти на Студената војна.
Черчил е заслужен и за измислувањето на терминот „железна завеса“, кој пред него го користел министерот за пропаганда на злогласниот Трет Рајх, Јозеф Гебелс.
И Черчил и Гебелс, непомирливите противници во Втората светска војна, имаат нешто заедничко. На прво место, антикомунизам и колонијалистички, расистички однос кон „небелите народи“. Со тоа што Гебелс се залагаше за „вредностите на белиот, ариевски народ“, а Черчил ги претпочита исто така белите – англосаксонци.
Черчил беше ентузијастички поддржувач и застапник на расизмот, империјализмот и колонијализмот. На териториите на поранешната Отоманска империја под британска администрација, тој се залагаше за употреба на хемиско оружје за задушување на бунтовите.
За ова, од позицијата на британскиот државен секретар (1919-1921), Черчил напиша:
„Не ја разбирам вревата за употребата на гас. На Мировната конференција постигнавме договор за понатамошна употреба на хемиско оружје како метод на војување. Јас сум силно за употреба на хемиско оружје против дивјачките племиња. Моралниот ефект би бил извонреден, а бројот на жртви би бил сведен на минимум. Нема потреба да се користат најсмртоносните отрови: може да се користат отрови кои само предизвикуваат иритација и гадење и би ширеле ужас меѓу населението.
Во 2020 година, за време на расно мотивирани протести во Британија, статуите на Черчил беа заштитувани од вандализам од страна на полицијата.
Меѓутоа, неговата главна преокупација како министер за војна во тоа време била интервенцијата на западните сојузници во Руската граѓанска војна (1917 до 1923 година), застанувајќи на страната на Белата армија. Черчил се залагаше за западна интервенција, тврдејќи дека „болшевизмот е дете кое треба да се задави во лулка“. За таа цел, Черчил успеал да добие согласност за интензивирање на британското учество во овој конфликт.
Кога Британците беа поразени во 1920 година, по повлекувањето на англискиот контингент од Русија, Черчил договорил да се испрати оружје во Полска, која потоа ја нападна Украина.
Следната година, во 1921 година, тој беше назначен за државен секретар за колонии.
Черчил е исто така во голема мера одговорен за предизвикување на „Големиот глад“ од 1943 година, во кој загинаа околу 2,5 милиони Бенгалци. Отсуството на британска помош за гладните во Бенгал беше дел од намерната политика на „изгорена земја“, така што, во случај на јапонска инвазија на тогашната британска Индија, проблемот да биде оставен на непријателот – Јапонија.
Черчил, исто така, наредил одмазднички и воено бесмислено бомбардирање на Дрезден, и покрај фактот што градот имал мало стратешко значење и бил прогласен за „отворен (небранет) град“.
Операција „Незамисливо“, една од најмрачните тајни на Черчил
Кога веќе беше на повидок крајот на Втората светска војна и кога стана јасно дека Црвената армија ќе го скрши Вермахтот и ќе влезе во Берлин во 1945 година, Черчил му нареди на британскиот Генералштаб да подготви планови за продолжување на војната против Советскиот Сојуз.
Операцијата „Незамисливо“ е името на воениот план за продолжување на војната против СССР.
Во тие планови, идејата за фронт што би се отворил на потегот меѓу Хамбург и Трст, а во кој 64 американски, 35 британски, како и четири полски и 10 германски дивизии, со поддршка на околу 6.700 борци и 2.500 бомбардери ќе бидат ангажирани против Советите.
Почетокот на операцијата беше планиран за 1 јули 1945.
„Една од најмрачните тајни“ на поранешниот премиер Черчил е опишана во книгата на британскиот историчар Џонатан Вокер. Според овој автор, операцијата вклучувала инвазија на Советскиот Сојуз во стилот на обидите на Наполеон и Хитлер да ја освојат Москва.