АктуелноЛокално

(Видео) Димитрjиевиќ: За да престане ерозијата на работна сила – Работодавачите мораат да ја разберат улогата на работниците

Во поткастот на емисијата „Работник“, Координаторот на Левица – Трудов сектор, Александар Димитриjевиќ зборуваше за појавата на недостиг од работници во државата, за која смета дека се појавила поради големото иселување на работната сила од Македонија, феномен за чија појава главна причина е некоректниот однос на работодавачите и ниските плати.

Апелиравме дека ќе се случи недостиг на работна сила. Конкретно во секоја држава нудат подобри услови за работниците од овде. Најеклантантен е примерот со угостителство, каде работниците најмногу заминаа пред се во Хрватска и угостителството остана без работници. Тоа ќе се случи во сите други сектори, само заради тоа што работодавачите немаат фер однос кон работниците.

Димитриjевиќ додаде дека работодавачите мораат да ја разберат улогата на работниците во процесот на производството, цитирајќи го Маркс, додаде дека самиот труд на работникот е производ.

Ако сакаат да имаат фер однос кон работниците мораат да разберат дека работникот е оној кој што го создава производот, како што вели и самиот Маркс, самиот труд на работникот е производ, до толку повеќе што и работникот е консумент на она што е производ.