Белерин: Фудбалерите треба да плаќаат повисоки даноци
Ѕвездата на Барселона кој игра на бековска позиција Хектор Белерин, во текот на празниците се појави со интересна изјава која не така често може да се слушне од фудбалерите. Тој себе се претстави како левичар, и додаде дека негова желба е да види преземање на активности од страна на фудбалерите кои помагаат за развој на општеството.
„Да, јас сум левичар, немам што да кријам. Треба да создадеме општество кое оди напред и меѓусебно си помага. Би сакал да видам повеќе активирање кај фудбалерите на овој план, но знам дека е тешко“.
Тој додаде дека даноците кои ги плаќаат фудбалерите треба да бидат поголеми, со цел да дадат допринос во градењето на стабилно општество.
„Ние, фудбалерите, треба да бидеме луѓето кои плаќаат најголем дел од даноците. Ние треба да бидеме тие што ќе помогнат за стабилноста на нашето општество“.
За себе фудбалерот откри дека не се грижи за материјалните работи и дека воопшто не е негова цел да заработи пари.
„Првото нешто што го купив со мојата прва професионална плата беше торбичка за тоалети Gucci. Сите го имаа. Но, да бидам искрен, одамна го фрлив. Повеќе не се грижам за материјалните работи, мојот живот не се заснова на пари. Јас живеам многу едноставен живот“.
На крај Хектор констатираше дека фудбалерите се дехуманизирани и одделени од остатокот од општеството.
„Фудбалерите сега се дехуманизирани. Живееме во балон, целосно отуѓени од останатото општество. Секој ден сме се подалеку од навивачите, што не ми се допаѓа“.