(Видео) Студентски отпор: Труење со храна во студентскиот дом „Пелагонија“
Затруени студенти од домот Пелагонија. Се жалеле на тегоби и болки во стомакот. Оваа информација стана вирална во медиумите откако од студентската организација „студентски отпор“ со статус на социјалните мрежи изразија загриженост за тоа во какви услови живеат студентите.
Телевизија 24 ја контактираше инфетивната клиника од каде ни потврдија дека во ноќните часови имале примено неколку случаеви кои се жалеле на симптоми за труење.
„Во инфективната клиника во текот на ноќта беа примени пет- шест пациенти кои се жалеле дека имаат нагон на повраќање и болки во стомакот по извршеите прегледи од нашите колеги пациентите се пуштени на домашно лекување а од наша страна е известен и центарот за јавно здравје. Денеска не се примени пациенти со такви симптоми.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство, центарот за јавно здравје и санитарниот испекторат веднаш по реакцијата направиле вонредна испекциска контрола во мензата на Пеладонија.
„Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се 6 мостри од храната која се послужувала и 8 брисеви од работните површини и опремата. Кујната ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста.“
Од студентски отпор велат дека будно се следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонија. А од таму молк телефонските броеви ставени на сајт недостапни, побаравме одговор и преку опцијата испрати порака до нашиот тим, но до моментот на објавување на прилогот не добивме никаков одговор. Наместо услови за развој и градење на нови капацитети што ќе придонесат во Македонија, студентот се соочува со недостиг на основни услови за живот реагираат од отпорот.
- Текстот е превземен од 24.mk