АктуелноЛокално

Апасиев за Дамева: Со СДСМ дочекавме судии да одговараат пред приправници

По денешниот избор на новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, не запираат реакциите, иако таа уверува дека ќе го предводи ова моќно судско тело без влијанија и притисоци.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, коментира дека СДСМ овој пат го направиле невозожното возможно.

Судски службеник од Основен суд (стручен соработник на Кацарска) и член на Правната комисија на СДС – избрана за претседател на Судскиот совет кој ги бира судиите и пред кого тие одговараат дисциплински!?

Пратеникот додаде дека СДСМ и од невозможното прави возможно.

Значи, да повториме: дочекавме судии да одговараат пред приправници! Браво за СДС на Нашата Земја кои и невозможното го прават возможно, коментира Апасиев.

Дамева беше единствен кандидат и за неа гласаа за 10 членовите на советот, против беше единствено Лорета Георгиева, судијка од Струмица. Работната кариера на дамева е како стручен соработник во Кривичнниот суд. Од пред 3 години е член на Судскиот совет.