АктуелноЛокално

(Видео) Дали е извршен вонредниот инспекциски надзор по стигнати многубројни поплаки за кафе барот „Хелиум“

По бројните поплаки од граѓаните, на вчерашната Седница на Советот на Град Скопје за советнички прашања од страна на Советникот од Левца Реџеп Исмаил (Хактан) за узурпацијата на јавниот простор од страна на кафе барот „Хелиум“, за кој Општина Аеродром менаџирана од Тимчо Муцунски се прогласи за ненадлежна.

Дали е извршен вонредниот инспекциски надзор по писменото барање на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, кое неодамна беше доставено до Градоначалникот и соодветните служби како и Секторот за инспекциски надзор на Градот Скопје? – Праша Советникот Исмаил.

„Споменатото барање за вонреден инспекциски надзор, кое беше поднесено по стигнати многубројни поплаки и забелешки на жители од населбата Аеродром во врска со поставената урбана опрема на кафе барот „Хелиум“ и начинот на вршење на дејноста на овој угостителски објект – проблем за кој Општина Аеродром се прогласи за ненадлежна.

Имено, според поплаките на жителите од населбата, а и од увидот на лице место, може да се констатира дека урбаната опрема на овој кафе бар, ја надминува површината за која што истата е наменета, односно урбана опрема е поставена и на плочникот околу зградата во која што се наоѓа кафе барот, како и во околниот тревник.

Со ова, не само што се узурпира јавниот простор и со тоа се попречува движењето на жителите, туку и трајно е уништена зелена површина со што се загрозува животната средина во самата населба, а исто така и поради бучавата од активностите во барот, постојано се нарушува јавниот ред и мир.