Русија и Куба ја продлабочуваат својата соработка и пријателство
Пријателството меѓу Русија и Куба е заедничка сопственост на двете земји, државите заеднички дополнително ќе ја зајакнат својата унија и ќе ги штитат слободата, еднаквоста и правдата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на отворањето на споменикот на кубанскиот политичар Фидел Кастро во Москва со учество на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез.
За време на церемонијата, Путин рече дека руско-кубанското пријателство e оставено во аманет од Фидел Кастро, и е заедничка сопственост на двете земји.
„Заеднички дополнително ќе го зајакнеме нашиот сојуз и заеднички ќе ги браниме големите вредности на слободата, еднаквоста и правдата“, рече Путин.
Дијаз-Канел истакна дека Фидел Кастро секогаш имал топли односи со советските и руските лидери, им се восхитувал на космонаутите Валентина Тершкова и Јуриј Гагарин, силата на духот на советскиот народ за време на Втората светска војна и придава особено значење на улогата на Русија во светската политика. Поставениот споменик Дијаз-Канел го нарече почит на пријателството меѓу двете земји.
Рускиот претседател Владимир Путин и кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез во вторникот во Москва открија споменик на Фидел Кастро.
Фидел Кастро е еден од водачите на кубанското револуционерно движење, кој беше претседател на Советот на министри на Куба од 1959 до 2008 година. Кубанскиот политичар почина во 2016 година.