АктуелноИнтернационално

Ракиќ: Србите повеќе не можат да ја толерираат тортурата што ја прави Приштина

На Србија и е понудено понижувачко решение на состанокот свикан од Европската унија со српскиот претседател Александар Вучиќ и Аљбин Курти во Брисел, беше објавено во српските медиуми по завршените преговори.

Со предложеното решение се бара актуелниот проблем да се дерогира од Бриселскиот договор, што во пракса значи негово прекршување.

Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ по средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србите не можат да го толерираат теророт на Приштина и најави протести во сите институции. Тој на прес-конференцијата посочи дека во Брисел не е постигнат договор, за што е одговорна Приштина, што може да се слушне и од меѓународните претставници. Сите кои денеска повикуваат на воздржаност знаат која е деструктивната страна, рече Ракиќ.

„Ние сакаме само мир. Никому не му одговара кога зборуваме за ЗСО. Бараме само да се спроведат потпишаните договори. Сакаме да живееме мирно, да бидеме самите на своето место и да останеме на нашите вековни огништата. Три капки прелеаа чашата: Отказот на Ненад Ѓуриќ, одлуката за укинување на српските регистарски таблички и тоа што се’ уште не е формирана ЗСО“ изјави на конференцијата Ракиќ.

Тој во продолжение наброја повеќе случаеви во кој косовските власти ги малтетираат Србите и посочи дека ваквите секојдневни напапади од косовска страна се станати секојдневие.

„Со нас е Иван Тодосијевиќ, кој беше осуден за неговите зборови. Единиците на Специјална полиција ни ги малтретираат браќата, сестрите, има четири нови бази, ни забранија да се вакцинираме, изборите, референдумот, пукаа во Среќко Софронијевиќ, на Драгица Гасиќ забрането му е да купува леб. Имаше безброј напади и тоа се јасни пораки дека не сакаат овде, како и на повратниците дека не се добредојдени“, рече Ракиќ.

Тој додаде дека Србите не сакаат да го трпат теророт на Приштина.

„Немаме каде да одиме и се надевам дека нема да мора да се браниме. Луѓето повеќе не можат да ја толерираат тортурата што ја прави Приштина. Ќе имаме протести во училиштата, здравствените домови и во сите други институции. Народот се прашува зошто мораме да плаќаме арач и зулум. Не им плативме на Турците, нема да му платиме ниту на Курти“, заклучи Ракиќ.