Апасиев им ја “пресмета” пасокизацијата на СДСМ
Во фејсбук статус, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се осврна на најновите анкети за рејтингот на партиите. Апасиев во својот статус порача дека без коалиционите партнери, рејтингот на СДСМ е изедначен со рејтингот на политичката партија Левица.
Ај една ПРОСТА МАТЕМАТИКА
Според најновите анкети, Левица има рејтинг од околу 6%, а коалицијата предводена од СДСМ – околу 10% (плус-минус). Е сега… Владејачката коалиција на СДС брои 26 одделни партии!
За да формирате една партија, по закон, ви требаат најмалку 1.000 членови (25 партии x 1.000 луѓе = 25.000 гласови). Ако барем најблиската фамилија на основачите гласа за таа партија, тоа би му било по уште минимум четири гласа од член (25.000 основачи x 4 роднини = 100.000 илјади гласови).
Оттука, според рејтингов, цела владејачка коалиција е падната под 200.000 гласови на ниво на држава. Ако на оваа бројка ги одземете коалиционите „додадени гласови“ коишто СДС ги добива од своите партнери и ги соочите партиите „сам на сам“ (само СДС vs Левица) = би добиле дека партијата СДС тежи под 100.000 гласови, а партијата Левица над 105.000 гласови!
Е, сега, разбирате нели од кај иде премиерската пизма против Левица овие денови. – напиша пратеникот од Левица.