АктуелноЛокално

Одбиен антипровизискиот закон на Левица-Премиерот повторно ги излажа граѓаните

Реакција на Политичката партија Левица

На денешната седница на Собранието, на дневен ред се најде Предлог-законот за дополнување на Законот за платен промет предложен по скратена постапка, односно т.н. антипровизиски закон за намалување на екстрапрофитите на банките – поднесен од пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно јавно истакна дека би поддржале закон, со коишто би се отстраниле манипулациите кои ги прават банките врз грбот на граѓаните по пат на т.н. скриени трошоци и кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат.

И покрај ваквите тврдења на Ковачевски, денес 41 пратеник од власта гласаа ПРОТИВ ваквиот антипровизиски закон.

На денешното излагање на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, истакна дека донесувањето на ваков Закон значи директно олеснување на граѓаните, а нема никакви финансиски импликации по Буџетот на државата, туку дека Законот бара само парите на граѓаните да останат кај нив, односно да не им ги земаат банките коишто преку ситни крадења профитираат на ниво на година по 40-50 милиони ЕУР.

Исто така, пратеникот Димитар Апасиев потенцираше дека донесувањето на ваков Закон значи дупло поголема помош од повратот на ДДВ, односно со 0 денари буџетска интервенција им се остава на граѓаните дупло повеќе пари од повратот на ДДВ.