АктуелноИнтернационално

Што добива Русија со припоените региони, со кое Западот не може да се помири?

Кои се економските трошоци и придобивки од приклучувањето на Народната република Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје кон Руската Федерација?

Економистите велат дека обновата на овие територии уништени од конфликтот ќе бараат огромни инвестиции, но дека придобивката од нив може да биде уште поголема.

Вкупната површина на Донбас, Херсон и Запорожје е речиси 109.000 квадратни километри или повеќе од 15% од вкупната површина на Украина. Повеќе од осум милиони луѓе живеат на териториите кои имаат повеќе од 5,6 милиони хектари обработливо земјиште. Идните граници на Херсон и Запорожје, уште не се дефинирани, бидејќи некои делови од нив се уште се под контрола на украинските војници. Во прилог на ова оди и изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека руската армија треба да се повлече на левиот брег на реката Дњепар во Херсон.

Донбас, со својата економија базирана на јаглен, беше индустриското срце на Украина. Доњецка Народна Република (ДНР) до 2014 година учествуваше со 20 отсто во украинското индустриско производство.

Во тој регион богат со минерали, се наоѓа четвртото најголемо наоѓалиште на јаглен во Европа, чии резерви се проценуваат на над 10 милијарди тони. До февруари 2022 година, во Донбас работеа 115 рудници за јаглен, кои произведуваа околу 70 милиони тони од таа суровина годишно. На територијата на регионот Доњецк има и осум електрани.

Народна Република Луганск (ЛНР) е, важен транспортен центар и е позната по својата металуршка и земјоделска индустрија. Има и хемиски и фармацевтски фабрики и неколку рудници за јаглен. Низ нејзината територија минуваат голем број значајни транзитни автопати, а од локалните власти велат дека земјоделскиот потенцијал е голем, а фокусот е ставен на производството на жито.

Регионот Запорожје, е центар на снабдување со енергија, со трите моќни производители на електрична енергија – нуклеарната централа Запорожје, најголема нуклеарна централа во Европа, со хидроцентралата Дњепар и ветерната електрана Ботијево.

Во Запорожје во 2019-2020 година се произведува околу 40 милијарди kWh електрична енергија годишно, што е приближно 25 до 27 % од целиот енергетски сектор во Украина. Тој регион има бројни големи индустриски и машински погони, меѓу кои е и автомобилската фабрика во Запорожје (ZAZ) со производство на 150.000 возила годишно.

Реката Дњепар, акумулацијата Каховка и Азовското Море играат значајна улога во економијата на Запорожје, кој исто така има голем потенцијал за индустриско одгледување риби.

Регионот Херсон е специјализиран за бродоградба и е познат по одморалиштата и земјоделството. Има најголема површина на обработливо земјиште од речиси 20.000 квадратни километри. Во тој регион се произведуваат житарки, сончоглед и зеленчук. Плодното земјиште овозможува две, а понекогаш и три жетви во една сезона.

Нејзините други традиционални индустрии се сточарството и винарството. На таа територија се планира развој на одморалишта и туристички центар, кој има пристап и до Азовското и до Црното Море.

Со приклучувањето кон овие области, Русија доби територија со неверојатен земјоделски и индустриски потенцијал, но со многу пропадната инфраструктура. Примарниот интерес на Русија е да ги интегрира тие територии и да им помогне да го надминат јазот во економскиот развој и да се опорават од уништувањето предизвикано од конфликтот. Првично, Москва ќе ги финансира буџетите на овие четири региони, а во иднина, со продлабочување на интеграцијата и рестартирање на економијата, обемот на трансфери од федералниот буџет ќе се намалува“, велат експертите.

Донбас, Запорожје и Херсон имаат исклучително поволна географска положба, која нуди огромни можности поради присуството на пристаништа и поморски патишта со југот на Русија.

Пристапот до клучното пристаниште Мариупол во Азовското Море значи потенцијално зголемување на испораките на јаглен и други стоки во Африка и јужноазиските земји.  Економски експерти проценуваат дека потенцијалниот придонес од овие региони за руската економија би можел да вреди трилиони рубљи, па дури и повеќе.