АктуелноИнтернационално

НР Кина повика земјите од Г7 да не се вмешуваат во внатрешните работи на другите држави

НР Кина ги повикува земјите од Г7 да престанат да се мешаат во работите на другите земји и да провоцираат конфликти и конфронтации, изјави на брифинг портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијанг.

Ставот на Пекинг за прашањата што се однесуваат на Хонг Конг, Ксинџијанг и Тајван е конзистентен и јасен.

Таканаречената заедничка изјава на дипломатите на Г7 ја игнорира позицијата и објективните факти претставени од страна на НР Кина. Тој оценува дека земјите од Г7 грубо се вмешуваат во внатрешни работи на НР Кина, а исто така злонамерно ја клевети и оцрнува Земјата.

Пекинг изрази силно незадоволство и гласно се спротивставува на ваквите политики додаде дипломатот.

Лиџијанг исто така посочи дека кинеските власти ги повикуваат Г7 земјите да престанат да се држат до менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, како и да престанат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји, да престанат да повторува лаги, но и да не провоцираат регионални конфликти и создавање блок конфронтација.

Тој ги повика и земјите од Г7 да создадат поволни услови за развој на глобална соработка.