АктуелноЛокално

Левица: Укинати правата на вработените во ЈП Водовод и канализација

  • Реакција на Политичката партија Левица

Поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ за да не го исплати додатокот на платите на вработените го сменил Колективниот договор.

Директорот Душко Весковски и претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски, склучиле спогодба за регрес на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година во износ од 3 илјади денари иако во Колективниот договор е предвиден повисок износ.

Спогодбата е склучена во 2019 година а треба да важи ретроактивно за трите години наназад – што е спротивно на Уставот!

Освен овој надоместок, директорот и синдикатот се спогодиле да не се исплатува новогодишниот надоместок, како и јубилејната награда за работниците кои ги исполниле условите.

Неспособните директори поради лошото управување не можат да обезбедат средства за исплата на додатоци и надоместоци на плата но, алармантно е синдикатот кој треба да биде заштитник на работниците да склучи спогодба која е на нивна штета.

Вакви спогодби во продолжија да склучуваат и во 2021 и 2022 година, кои синдикатот на чело со Дарко Димовски секој пат сојузнички ги прифаќа и потпишува спогодбите.

Апелираме и реагираме во време на криза да не се намалуваат платите и да се исплатуваат надоместоците!