Левица: Нема криза за лихвобанкарите – нивните профити прогресивно растат
- Реакција на Политичката партија Левица
Додека проценките се дека кризата во Македонија ќе фрли нови 50 000 лица во сиромаштија, со што бројката на сиромашни ќе се зголеми на фрапантни 500 000 – банките дебело профитираат за време на кризата!
Не само што профитите на банките се зголемени во 2021 година за повеќе од 20 отсто, туку и во првото полугодие од 2022 година тие работат со уште поголема профитабилност. Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје се најпрофитабилните банки во 2021 година.
Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои во првото полугодие од 2022 година се зголемени речиси за 50 отсто, а кои државата никако не ги регулира или ограничува!
Законот за платен промет им овозможува на банките да наплатуваат надоместок за вршење на работите во платниот промет според тарифа што слободно ја утврдуваат, со што обичните граѓани се оставени на милоста на лихво-банкарите.
Само во 2021 година, банките спечалиле 600 милиони евра само од дозволено пречекорување на сметка и минус на кредитна картичка.
Левица интензивно работи на законско решение за ограничување и намалување на провизиите и надоместоците кои банките ги регулираат со интерни политики, со цел да се намали растечкото осиромашување на стотици илјади граѓани.