Џинпинг: НР Кина започна борба против сепаратизмот и странското мешање
„НР Кина започна голема борба против сепаратизмот и странското мешање во Тајван“ – изјави Си Џинпинг на XX конгрес на КПК.
Џинпинг ја потврди политиката која ја води нивната земја на превентивна дипломатија , но како никогаш до сега решително најави дека НР Кина е спремна да преземе сила доколку дојде до ескалација на конфликтот,
„Инсистираме да се залагаме за перспектива за мирно обединување со најголема искреност и најдобри напори, но никогаш нема да ветиме дека ќе се откажеме од употребата на сила и ќе ја резервираме опцијата да ги преземеме сите неопходни мерки.
На крајот тој додаде дека ова е внатрешен проблем и дека за истиот решава кинескиот народ, а не „странските вмешувачи.“
„Решавањето на проблемот со Тајван е прашање на самиот кинески народ, за кое ќе одлучи кинескиот народ. Очекуваме ‘странските вмешувачи’ повторно и повторно да продолжат со провокациите“.