Судот на ЕУ пресече: Компаниите во ЕУ смеат да забранат шамии!
На компаниите во ЕУ им е дозволено да воведат забрани за носење шамии на работното место. Ваква одлука беше донесена во четвртокот од страна на Европскиот Суд на Правдата.
Компаниите смеат да забранат шамии на работа само под општа забрана. Односно, забраната може да се спроведе само против сите верски симболи како дел од политиката на „општата неутралност“.
Одлуката доаѓа по покренувањето на двата случаи пред Судот, во кои две муслиманки, во Германија, беа суспендирани од работа поради носење хиџаб на работно место. Односно, две германски фирми ги суспендираа два члена од редовите на својот персонал затоа што тие инсистирале да носат шамии на работното место.
Прашањето за хиџабот, традиционалната марама што се носи околу главата и рамената, со години предизвикува поделби низ Европа, нагласувајќи ги острите разлики околу интегрирањето на муслиманите.
„Внатрешното правило на претпријатието кое забранува видливо носење на верски, филозофски или духовни симболи не претставува директна дискриминација доколку истото се применува на сите работници на општ и недиференциран начин“, стои во соопштението на судот.