Апасиев: Власта не може да си ги собере пратениците од по кафеани
За денес во Собранието на Република Македонија е закажана Пленарна Седница во 11:00 часот, но истата се’ уште не е започната. Според информациите, причината за ова е тоа што Владејачките СДСМ и ДУИ не можат да соберат кворум за работа.
Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, преку својот фејсбук профил се огласи до јавноста, споделувајќи ја информацијата дека владејачките партии не можат да ги соберат Пратениците од кафеана за да дојдат на Пленарната Седница.
Пленарната собраниска седница требаше да почне во 11:00 ч. Сега е два – уште не е почната!? Се собираат од по кафаните. Е до толку им е стабилно „МНОЗИНСТВОТО“