АктуелноЛокално

Кираџиева: Давањето дозвола за отварање фашистички клубови е еднаква на предавство

  • Пишува: Весна Кираџиева – член на Централниот Комитет на Левица

Цар Борис Трети се залагал за Санстефанска Бугарија во чии рамки влегува и територијата на Македонија. Ова му било ветено од Хитлер и од тие причини, Борис III води прогерманска политика и ја вклучува Бугарија кон Тројниот пакт.

Оваа идеја за територијално припојување на Македонија кон Бугарија, за жал и денес живее, а тоа го гледаме секојдневно на дело, особено преку пропагандите кои се тераат во Македонија, чиниш сме во почетокот на минатиот век.

Оттука, поддршка, величење или на бил кој друг начин дозволување на отворање на здруженија и клубови кои носат имиња на личности кои се залагале за поделба и присвојување на територија на Македонија кон нивна, а кои воедно биле ноторни фашисти е еднакво на ПРЕДАВСТВО! Особено што истото ги охрабрува и храни идеите за Санстефанска Бугарија кај соседите.

Ова е директно насочено кон насилно уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија, а особено кон разгорување на национална омраза.

Сакам да кажам, за ова ќе се одговара во слободна Република Македонија!