АктуелноЛокално

Стаменковски: Народот нема обврска да ви ги плаќа вашите недомаќински одлуки

  • Фејсбук статус на Тони Стаменковски – Советник од Левица во Општина Делчево

На денешната седница на Советот, иницијатива за формирање на ЈП (јавно претпријатие) за производство и трговија на електрична енергија на Левица не помина: СДСМ – 8 гласа ПРОТИВ; ВМРО-ДПМНЕ – 6 гласа ЗА; ЛЕВИЦА – 1 глас ЗА…
за веднаш потоа на дневен ред да дојде точката за зголемување на цената на водата и отпадни води!

Заклучок: Зголемувањето на цената е поради енормно зголемување на фактурите за електрична енергија дури за 10 пати или 1.432.000 ден

Премногу патетично и смешно другари! И 15 денари да ја зголемите цената, спремајте ги катанците да ги ставите, удрете вие сега по граѓаните, ама катанците кога ќе одите во стечај лично ќе ви ги купам

Сами се побивте во вашите реплики дека тоа ЈП не е исплатливо и ќе “удри” по буџетот на општината! Секоја наредна седница ќе ви ја поднесувам иницијативата со најновите фактури за електрична енергија, па вие сметајте колку сакате!

Народот нема обврска да ви ги плаќа вашите недомаќински одлуки!