Крмов: Не можете со криминалци и предавници да се држите за раце
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на вчерашното гостување на Канал 5 во „Само Вистина“ појасни на кои закони би се однесувала, односно кои закони нема да ги опфати најавената тоталната парализа на законодавниот дом доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и Иницијативата за референдум:
Тотална парализа во превод значи сѐ што е корисно и во интерес на граѓаните ќе биде пуштено, како што направивме и претходно. Но, сѐ останато што е политичко, закони коишто го кршат Уставот, коишто се специјално правени за одредени бизнис структури блиски до власта – апсолутно ќе бидат закочени
Дополнително, пратеникот Борислав Крмов даде одговор и за тоа дали како народни избраници од Левица планираат и сметаат дека треба да се седне во законодавниот дом и да си подадат рака за сите важни закони:
Не функционира тоа „држење за раче“. Не можете со криминалци и предавници за раце да се држите. Порано партизаните и врховистите не се држеле за раце.