АктуелноИнтернационално

Ќерката на Че Гевара: Апсурдно е тоа што о прават САД и Европа

Најстарата ќерка на светски познатиот револуционер Ернесто Че Гевара, Алеида Гевара, ги нарече европските политичари кои воведуваат санкции против Русија ги нарече „едни од најглупавите“. Коментирајќи го конфликтот во Украина, таа рече дека Русија само ги брани своите граници.

„Ова се најглупавите луѓе што сум ги видел во животот, искрено ви кажувам“, изјави Гевара за РИА Новости.

Таа истакна дека европските земји треба да одржуваат пријателски и партнерски односи со Руската Федерација, но наместо тоа тие се „толку груби, толку глупави што сами бараат непријатели“.

Според Гевара, сето ова се се случува заради тоа што Европа не ја знае историјата на рускиот народ и не се сеќава на неговите победи.

„Ние сме должни на рускиот народ затоа што светот денес е подобар. Што ќе се случеше со светот доколку Хитлер победеше?“ – додаде таа.

На прашањето дали Алеида Гевара верува дека САД и Европа си нанесуваат штета со воведувањето санкции на Руската Федерација, ќерката на кубански револуционер одговори дека „тоа што го прават е апсурдно“.