Кинеските дипломати најавуваат почеток на нова ера во руско-кинеските односи
Непосредно пред отпочнувањето на средбите во рамките на Шангајската организација за соработка (ШОС), НР Кина најавува експлицитна помош за Москва и официјално изразува одобрување за руската специјална операција во Украина. Дипломатските канали на Пекинг известуваат дека „Кина и Русија имаат намера да ја водат меѓународната заедница кон нов светски поредок“.
Претседателот на кинескиот парламент Ли Жаншу, кој е близок соработник на кинескиот претседател и трет по ранг лидер на Комунистичка партија на НР Кина, се состана со Вјачеслав Володин, претседателот на руската Државна дума и други руски пратеници во Москва, откако присуствуваше на економски форум во источниот град Владивосток.
Според соопштението на Државната дума, Жаншу ги уверил своите членови дека „Кина ја разбира и ја поддржува Русија за прашања кои ги претставуваат нејзините витални интереси, особено ситуацијата во Украина“.
„Гледаме дека САД и нивните сојузници во НАТО го прошируваат своето присуство во близина на границите на Русија, сериозно загрозувајќи ја националната безбедност и животите на руските граѓани. Ние целосно ја разбираме неопходноста од сите мерки што Русија ги презема за да ги заштити своите клучни интереси. Ние даваме поддршка“, рече Ли.
Според него, во оваа ситуација Русија била оставена без избор.
„За украинското прашање гледаме како Русија е доведена во невозможна ситуација. И во овој случај, Русија направи важен избор и одговори цврсто“, додаде тој.
Во пресрет на самитот во Шангајската организација за соработка (ШОС), кинеската страна објави низа тези, што веднаш предизвикаа реакција кај западните медиуми.
Досега, официјален Пекинг беше максимално воздржан во искажувањето на својот став за случувањата во Украина. Претходно немаше никаква официјална осуда, но, од нивна страна не беше поддржано ништо друго освен критики за постапките на НАТО, оценувајки ги негативно санкциите кон Русија.
Интеракцијата на макроекономско ниво веќе вроди со плод преку зајакнување на кинескиот јуан и истовремено обезбедување на руската рубља – се повеќе трансакции се одвиваат во националните валути, а седницата на ШКО која започнува утре се очекува да направи вистински напредок на националните валути на земјите-членки во оваа организација.
Можно е вклучувањето на Иран во триото директни економски сојузници Русија-Кина-Индија да не биде единствениот чекор кон „новиот светски поредок“ – постои веројатност во ШОС активно да бидат вклучени и Саудиска Арабија, Египет и Катар, што може драстично да ја промени глобалната економија и политичкото расположение.