Поради лошото менаџирање со енергетската криза Охридското езеро е пред хаварија
- Реакција на Политичката Партија Левица
Скандалозни се најавите дека може да дојде до исклучување на колекторскиот систем на Охридското езеро, поради превисоки сметки за струја.
Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и директорот на ова јавно претпријатие најави дека постои можност сите во еден ден да бидат исклучени.
Прекин на работата на пречистителната станица и пумпните станици што учествуваат во прочистувањето на водите на Охридското Езеро би значело фатална еколошка катастрофа за едно од најстарите природни езера во Европа!
Скандалозен е и молкот на министерот Нуредини за оваа сериозна закана по Охридското езеро, од каде нема никаква најава за преземање мерки за ваквата опасност.
Неспособноста и немањето стратегија на криминалната коалиција СДС-ДУИ се рефлектира во секоја сфера на општествениот живот – преку национални понижувања, економски пустош, коруптивни скандали до целосна деградација на најзначајните природни богатства.