Левичарскиот институт ‘‘Рацин‘‘ одржува прва левичарска Крушевска школа
- Соопштение на Левичарски институт Рацин
Центарот за политичка едукација, кој функционира во рамките на политичката партија Левица – Левичарски институт „Рацин“, ја организира првата идеолошко-образовна школа насловена како „Прва Левичарска Крушевска Школа, којашто започнува денес, а ќе се одржува во текот на викендот во Крушево.
Целта на оваа школа е продлабочување на политичката едукација и подобро запознавање со вредностите на левичарската идеологија на членовите и соборците во Левица.
Во текот на претстојниот викенд, на оваа идеолошко-образовна школа, со свои предавања учество ќе земат повеќе професори и докажани академци во својата сфера, како што се Билјана Ванковска, Игор Радев, Лазар Фотев, Љубомир Ѓоревски. Исто така, со свои излагања ќе настапат и наши членови од партијата – Јован Крајевски, Амар Мециновиќ, Реџеп Исмаил – Хактан и Александар Симонов.
Темите на предавањата се со идеолошки левичарски карактер, односно учесниците ќе имаат прилика повеќе да се едуцираат во однос на политичката економија, начинот на функционирање на империјалистичката организација НАТО, историјата на комунистичкото востание, разликите меѓу западната и источната политичка философија, како и за регионалните конфликти кои се последица на империјализмот – односно за геополитичката стратегија.