За една година во Арачиново е украденa струја еднакво на потрошеното во други 14 општини
Темата со кражбата на струја во Арачиново останува една од најпопуларните во јавноста за изминатата недела. Објавата на податоците за кои се сомневаа и беа претпоставувани од многумина се потврдени, а во јавноста постојано излегуваат калкулации за тоа колку струја е украдено во оваа општина.
На социјалните мрежи стана популарна фотографијата која споредува колку Општини заедно трошат струја еднаква на украдената во Арачиново. Според објавеното, за една година во Арачиново е украдено струја, еднаква на потрошувачката во 14 Општини.
,,Општина Арачиново со 12 676 жители за 1 година УКРАЛЕ струја што ја трошат верувале или не, 220.000 жители во 14 општини во Македонија” , велат на Фејсбук од Трета Опција.