АктуелноЛокално

Левица со поддршка за протестот на сточарите

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Сојузот на одгледувачите на овци во Република Македонија најави протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ден 15. септември, 2022 година.

Иако министерот Љупчо Николовски претходно се фалеше дека оваа година со ребалансот на буџетот ќе се исплатат сите заостанати и тековни субвенции во сите гранки во земјоделието, одгледувачите на овци ја чекаат исплатата на субвенциите за 2021 година, чиј рок за исплата е веќе одамна поминат.

Политичарите на СДС се познати по своите лажни ветувања, така што и Љупчо Николовски најавуваше и авансна исплата на субвенции, почнувајќи од оваа година, но, како многу пати досега, знаеме дека тоа е уште една лага во низата на министерот.

Николовски, водејќи се по агендата на СДС, ги згаснува една по една гранките на земјоделието, лозарството, тутунарството и оризопроизводството, за сега на ред да дојде и уништувањето на овчарството во Македонија.

Левица дава безрезервна поддршка на претстојниот протест на одгледувачите на овци и апелираме Љупчо Николовски да поднесе оставка од министерското место, како и тоа да се исплатат сите заостанати субвенции по сите основи во земјоделството.