Татковината се продава за едно евро метар квадратен
- Фејсбук статус на Александар Симонов – Координатор на Левица – Сектор Надворешна политика
Советската автомобилска индустрија создава нов бренд, првиот автомобил излегува од погон, и секако на преглед кај главниот. Стаљин го гледа автомобилот, све убаво и го прашува инженерот:
,,Интересно, а како се вика овој автомобил? – ,,Родина”! (превод татковина) извикал гордо инженерот. Стаљин го спушта лулето, погледнува во инженерот и го прашува: -,,Па, колку чини татковината?”, – Овој наведнал глава и не одговорил ништо.
Денес во Охрид, партијата која се ,,бори” за македонските национални интереси и ја ,,спасува” историјата од внатрешен и надворешен непријател, во градот со огромно историско значење, каде што практикува локална власт, одлучи да продаде археолошки локалитет за 1 евро квадрат!
За разлика од Советскиот инженер, кој не можел да одговори ,,колку чини татковината?”, – овие ќе можат. Ним татковината им чини 1 евро за метар квадратен!