АктуелноЛокалноСтав

Фабриката „Треска‘‘ не смее да биде простор за бизнис и партиски интереси

  • Фејсбук статус на Владемир Огненовски – Советник од Политичката партија Левица во Општина Центар

Фабриката “Треска” не смее и не може да биде јавен простор за бизнис и партиски интереси.

Впрочем денес почна “расчистувањето” на Ф.Треска со која ќе биде отворен патот кон нова бетонска џунгла која ќе ја нарекуваат комплекс населба на 21 век,а граѓаните на Центар ќе добијат уште едно ветување за подобар живот без воздух….

Затоа советниците на Левица уште во декември покренаа прашање за референдум против градежната експанзија во ф-ка Треска прашање кое упорно советниците на ДПМНЕ и СДС веќе 9 месеци го избегнуваат!

Проблемите не се решаваат со бегање и ставање под тепих,туку со конструктивен разговор и донесување на соодветно решение..Дозволете да имаме референдум за овие две невралгични точки Холидеј ин и ф-ка Треска и да го слушнеме тоа што се нарекува vox populi-народниот глас!!!