Родители од Могила најавуваат дека нема да ги пратат децата на училиште доколку превозот не е бесплатен
- Фејсбук статус на Иванче Ристевски – модератор на Левица – ЛО Могила
Минатата учебна година средношколците си плаќаа превоз и на крајот од месецот им ги враќаа средствата платени за превоз, но не во целост. Дел од средствата си наплаќаат банките за провизии, а друг дел превозникот не ги признава наплатените билети, така што учениците добиваат поврат на средства од 50% – 70%.
Превозникот „РОЗ-РУБ ТРАНС” врши класична дискриминација со тоа што им забрани на учениците да плаќаат повратен билет по пониска цена додека било кој друг патник освен ученик имаше право на повратен билет.
Истиот превозник прави уште една голема дискриминација и тоа: средношколците од Бучин, Трновци, Св. Тодори, Ивањевци, Вашарејца, Лознани, Д. Српци и Беранци мораат да си платат билет за да патуваат до школо и тоа само до “селската” автобуска додека средношколците од Радобор, Чарлија и Могила не плаќаат превоз и слегуваат до најблиските постојки до нивното училиште (во втора смена).
Дали ќе се продолжи со оваа пракса и во наредната учебна година останува да видиме.
Во ваква економска криза дел од родителите не можат да одвојат средства за нивните деца да посетуваат настава секој ден. Исто така не се во можност да ги финансираат тендерашите цел месец за потоа да добијат само дел од поврат на средства.
Колку за информација:
Билет: Бучин-Битола е 180 мкд
Билет: Беранци-Битола е 95 мкд
Е сега да пресметаме билет во двата правци и да додадеме храна и вода. Еден родител треба да работи само за да му обезбеди образование на детето. А каде се другите трошоци? – Задолжително образование мора да биде бесплатно!