АктуелноЛокално

Богески: Приватните компании интензивно ги раскинуваат тендерите со јавните претпријатија

Се повеќе приватни компании што имаат добиено тендери за различни услуги или изведби на проекти ги раскинуваат тендерите со државата, општините или јавните претпријатија. Тие велат дека причина за раскинување на веќе прифатените тендери е тековната инфлација, заради која ним повеќе не им се исплаќа да изведуваат проекти по стари цени.

Овој „феномен“ на јавноста ѝ го воочи Советникот од редовите на Левица во Општина Кавадарци, Круме Богевски.

Приватните компании интензивно ги раскинуваат тендерите со јавните претпријатија затоа што не им одговарале договорените цени по инфлацијата, што ја доведува во опасност одржливоста на услугите на јавните претпријатија!

Според него, ова е очекувано за една држава зависна од приватните компании. Сепак, штетата ќе ја сносат и трпат граѓаните.

Јасно беше, кога силеџиски државата стана зависна од приватни сопственици, дека може народот да остане без струја, вода, превоз, образование, згрижување на деца и што не…

Во својата објава тој додаде дека приватните компании никогаш нема да го земат предвид интересот на државата или граѓаните.

Не знам дали очекуваа од приватните сопственици да си дадат од свој џеб пари за доброто на народот како што тоа постојано го прават јавните претпријатија преку еден јавно гласан ребаланс на буџет? Следно, што е со заглавените јавни претпријатија?
-Приватизација?