Крајевски: Балансерот на МИОА нè дели на Македонци и Албанци наместо на сиромашни и богати
- Фејсбук статус на Јован Крајевски – координатор на Левица – Сектор политичка економија
Балансерот на МИОА не знае колку самохрани мајки треба да се вработат во државните институции.
Балансерот на МИОА не знае колку деца од сиромашни семејства треба да се вработат во државните институции.
Балансерот на МИОА не знае колку сираци треба да се вработат во државните институции.
Балансерот на МИОА знае само за етникуми. И многу му е јасно дека во Македонија не сите етникуми мораат да се третираат еднакво, па и визуелно ги има подредено турците, ромите, србите, власите и бошњаците под македонците и албанците.
Балансерот на МИОА знае дека великоалбанските шовинисти во Владата и Собранието стремат да ја престорат Македонија од мулти-етничка во БИ-национална држава и, исто како и нив, нема намера тоа да го крие.